Уругвајците ги испратија Роналдо и компанија дома


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Репрезентацијата на Уругвај се пласираше во четвртфиналето откако во вториот вечерашен осминафинален натпревар ја совлада селекцијата на Португалија со 2:1.

Кавани на мајсторски начин погоди уште во седмата минута откако ја искористи нафрлената топка од Суарез и со гради го матираше Руи Патрисио.

За следниот гол се чекаше до вториот дел кога Пепе во  55. минута го совлада Муслера и ја врати крвта во жилите на навивачите на Португалија.

Сепак Кавани со уште еден одличен гол во 62. минута ги урна сите надежи на Португалците кои до крајот се обидуваа да дојдат до израмнување, но безуспешно.

На 6 јули во првиот четвртфинален пар ќе се сретнат репрезентациите на Уругвај и Франција.