Успешен настап на Хва Ранг ИТФ во Словенија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Викендов, во Велење, Словенија се одржа меѓународен теквондо ИТФ турнир од А Класа, „3 Словенија Опен 2017“ каде настапија повеќе од 350 натпреварувачи од 32 клубови од 11 земји (Македонија, Бугарија, Грција, Србија, Молдавија, Чешка, Хрватска, Велс, БиХ и Словенија).

Дека турнирот е еден од најдобрите покажува и фактот што Бугарија, Словенија и Грција дојдоа со комплетните репрезентации.

Теквондо клубот Хва Ранг ИТФ од Лескоец, Охрид на овој турнир настапи во скратен состав со пет натпреварувачи.

Давид Велковски го освои второто место во спаринг-борби за јуниори до 57 килограми. Оваа категорија е една од најтешките категории.

Давид Крстески освои два медали, еден сребрен во категоријата форми за син појас (кадети 10-14 години) во категорија од 26 натпреварувачи, и еден бронзен медал во категоријата спаринг-борби за кадети од 10-14 години до 35 килограми.

„Давид Крстески беше оштетен во финалето од домашните судии. За време на натпреварот дури и противникот истакна дека Давид е многу подобар и треба да победи. Кога беше гласањето од судиите и тренерот на Словенија беше видно изненаден и револтиран на судиската одлука иако за победник беше прогласен неговиот натпреварувач. Давид беше оштетен и во спарингот кога и покрај неговата надмоќ судиите не досудија негова сигурна победа туку го однесоа натпреварот до златен поен се додека словенскиот претставник не го освои. Присутните прашуваа што треба да направи нашиот натпреварувач за да победи. Судиите дефинитивно не оштетија за два златни медали, а со тоа и пехарот за најдобар натпреварувач. Исто така судиските одлуки влијаеја и на настапите на Антонио Јанески и Марио Крстески“– коментираше тренерот на Хва Ранг ИТФ, Марјанчо Лазаревски.

Дефинитивно Давид Крстески е еден од најперспективните натпреварувачи од негова возраст на Балканот. Лазаревски вели дека сите тренери даваат пофални зборови за младиот теквондист и од него очекуваат иден освојувач на медали на големите теквондо натпреварувања.

Од клубот упатуваат благодарност до ПН Метал, генералниот спонзор на нивниот клуб кој уште еднаш се погрижи да настапат на еден силен турнир.