Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Американецот со мексиканско потекло е еден од најдобрите борци кои се појавиле во ММА спортот. Кејн Веласкез.
Кејн поради неколку повреди мораше привремено да паузира, па не се бореше од 2016. година, кога го нокаутираше Трејвис Брауни, но сега е подготвен да се врати во рингот.
Тоа го потврди неговиот пријател и тренинг-партнер, Џош Томпсон.
„Кејн е подготвен за борба. Без проблеми тренира и може да се бори. Останува договорот со УФЦ, кој мора да му понуди добри услови“, вели Томпсон.
Во својата кариера Кејн имаше само два порази, а успеаа да го победат Жуниор дос Сантос и Фабрисио Вердум.