Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот фудбалер од редовите на Челси, Цеск Фабрегас истакна дека сака да потпише нов договор со Челси и да игра под водство на Маурисио Сари уште долго време.
Договорот на Фабрегас со Челси истекува по крајот на оваа сезона и се уште не се знае дали Шпанецот ќе остане на „Стемфорд Бриџ“ и во иднина.
„Би сакал да останам во клубот. Многу бев среќен во претходните четири и пол години, имавме многу успеси и освоивме многу трофеи. Чувствувам дека се уште имам сили за фудбал во мене, а сега клубот е тој кој треба да одлучи“ –коментираше Фабрегас.