Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Радамел Фалкао се прероди со враќањето во Монако.
По две лоши години во Англија, овој колумбиски напаѓач одлучи да се врати во Монако, а дека направи одличен потег говори тоа што постигна шест голови на осум натпревари оваа сезона.
Пофални зборови за неговата игра имаше и менаџерот Леонардо Јардим.
„Важна работа е тоа што му верува Монако, му верувам и јас, му верува тимот. Одигра многу добар натпревар во 60. минути против ЦСКА. Тоа е вистинскиот Фалкао, многу добри комбинации, но сега мора да биде константен и да поврзе неколку добри натпревари“, изјави Јардим кој е менаџер на Монако.
Вреди да се напомене дека Фалкао во вчерашната победа на Монако над ЦСКА беше стрелец на два гола.