Фалкао „удри“ по судијата Гајгер: Постојано судеше за Англичаните!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Напаѓачот на Колумбија, Радамел Фалкао го обвини главниот судија Марк Гајгер дека постојано судел за нивните противници.

Колумбија беше поразена во осминафиналето од Англија во пенал-серијата, откако во 93. минута изборија продолжение.

„Мислам дека намерно беше поставен американски судија за натпреварот. Искрен да бида, целиот процес е сомнителен. Не зборува друг јазик освен англиски и мислам дека од самиот почеток имаше предрасуди. Со ситни одлуки не оштети. Кога имаше ситуација 50-50, неговата одлука секогаш беше на страна на Англичаните“, вели Фалкао.

На Гајгер се жалеа и Мароканците по мечот со Португалија, конкретно Амрабат беше тој кој го обвини судијата за пристрасен став.