Фановите на Манчестер Јунајтед збунети, Санчез не замина на турнеата во САД


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Многумина беа зачудени кога утрово не го видоа Алексис Санчез на аеродромот во Манчестер заедно со останатиот дел од играчите кои заминаа на подготовки во САД.

Чиленаецот ќе ја пропушти турнејата во САД поради проблеми со визата и нема да може да игра на ниту еден натпревар во следните две и пол недели.

Тоа нема да значи одмор за Алексис Санчез кој ќе остане во Манчестер и ќе тренира одвоено . Како и многу клубови, и Манчестер Јунајтед во САД замина со драстично подмладен состав со оглед на фактот што многу од нивните ѕвезди играа на Светското првенство во Русија за што добија тринеделен одмор.