Февруари ќе биде пеколен: Јунајтед низ жесток оган, во битка да се биде или не?!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Ждрепката од осминафиналето во Лигата на шампионите беше оддржан денес, а Манчестер Јунајтед немаше среќа бидејќи за противник го доби ПСЖ.

„Црвените ѓаволи“ оваа сезона играат под сите очекувања и јасно е дека ПСЖ е фаворит во овој дуел. Сепак, навивачите на англискиот великан се надеваат дека нивниот тим конечно ќе се врати во вистинска фома до февруари кога ги очекува дуелот со францускиот шампион.

Меѓутоа, девруари ќе биде веројатно најтешкиот месец за Јунајтед во оваа сезона. Покрај дуелот со ПСЖ ги очекуваат уште три жестоки дуели во англиската Премиер лига.

Јунајтед ќе го угости ПСЖ на свој терен, а потоа и Ливерпул. Потоа следи мечот на гости против Арсенал, а месецот ќе го завршат со дербито против Манчестер Сити. Јунајтед со почетокот на мартот ќе го одиграат и реваншот против ПСЖ и така ќе ја заокружи незата од дерби натпревари.