„Федерер, Надал и Сампрас пред Ѓоковиќ“


    Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови? ↓↓↓


    Поранешниот австралиски тенисер Тод Вудбриџ, кој имаше многу успешна кариера во конкуренција на двојки, смета дека Федерер е најдобар играч во историјата на белиот спорт.

    Вудбриџ во кариерата освои 16 Грен Слем титули во двојки, а од тоа 9 на Вимблдон.

    „Најдобар на сите времиња е Федерер, тој може да игра на сите подлоги. Да не се појавеше Надал тој можеше да стигне и до 20 титули. Следат Надал и Сампрас, а Ѓоковиќ е веднаш зад нив.“

    „Од сите број 1 тенисери кои ги видов, Мареј е во средината. Освои 3 Грен Слем турнири и 2 ОИ злата. Тоа се одлични броеви и заслужува да биде прв.“