Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓
Легендарниот тренер на Јунајтед, Алекс Фергусон даде свој коментар за тоа кој ќе ја освои „Златната топка“ оваа година.
Доделувањето ќе се одржи на крајот на оваа година, а многумина веруваат дека ќе има уште една борба помеѓу Меси и Роналдо.
Па поради тоа свое мислење даде и Фергусон.
„Роналдо ја заслужи Златната топка. Тој оваа година ја освои ЛШ со Реал Мадрид и ЕП со Португалија. Иако не играше во финалето поради повреда, сепак со својата поддршка влијаеше на играта на Португалија.“
Познато е дека Фергусон го откри Роналдо пред 10-на години во Спортинг, но Фергусон кажа дека тоа не е причина поради која фаворитската улога му ја дава на Роналдо пред другите играчи.