Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Возачите во Ф1 беа предупредени дека поради било какви промени на правецот при сопирање за да ја одбранат позицијата ќе бидат казнети.
Директорот Вајтинг даде таква наредба по жестоката караница на возачите во петокот.
Такво нешто беше донесено по искажаното незадоволство поради тактиката на одбрана на Ферстапен.
Тој така успеа да ја одбрани 2-та позиција во претпоследниот круг на трката во Јапонија пред 2 недели, а Хамилтон мораше да продолжи право за да избегне контакт.
„Ниту еден возач не смее да вози на начин кој би бил опасен за другите возачи. Забрането е секое движење кое ќе послужи како пречка за другите возачи. Било каква промена на правецот при сопирање ќе се смета за опасен и истиот ќе биде казнет.“
Во соопштението се наведува дека дирекцијата на трката ќе може да им даде казна на возачите од временска до дисквалификација.