Финале пред финалето: Арсенал и Атлетико ќе се судрат во полуфиналето од ЛЕ

Денес во Нион беше извршена ждрепката на полуфиналните парови од Лигата на Европа.

Ждрепката сакаше во полуфиналето да се сретнат двата најголеми фаворити за освојување на натпреварувањето, Арсенал и Атлетико Мадрид.

„Топчиите“ ќе бидат домаќини на првата полуфинална средба, додека една недела подоцна ќе се игра реваншот на „Ванда Метрополитано“.

Вториот полуфинален пар го сочинуваат Олимпик Марсеј и Салцбург, а прв домаќин ќе биде францускиот претставник.

Првите средби на програмата се закажани за 26 април, додека реванш натпреварите ќе се играат на 3 мај.