ФИФА не простува, доживотна суспензија за судијата Лампти


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Светската фудбалска федерација (ФИФА) одлучи натпреварот помеѓу Јужна Африка и Сенегал во рамките од квалификациите за Светското Првенство во Русија да се преигра затоа што главниот судија Џозеф Лампти директно влијаел врз конечниот резултат.

ФИФА наведе дека одлуката за повторување на натпреварот е донесена откако Судот за спортска арбитража ја потврди казната на ФИФА за главниот судија. Џозеф Лампти од Гана доби доживотна суспензија за судење било какви натпревари.

Светската фудбалска организација го прогласи Лампти за виновен за кршење на правилата кои се однесуваат на недозволено влијание на резултатот на натпреварот.

Лампти на тој натпревар досуди пенал за Јужна Африка по непостоечко играње со рака на Калиду Кулибали. На снимката јасно се гледа дека топката го погоди играчот во коленото, а не во раката. ЈАР го реализираше пеналот, а по тоа успеа и да победи.