Фолгер: „Направив две грешки“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Германскиот возач на Јамаха Тек 3 Џонас Фолгер заврши второ место во ГП категоријата.

Фолгер во еден момент беше прво место пред Маркез, но поради една грешка Шпанецот го престигна и не ја испушти првата позиција.

„Го оставив Марк да ја води трката бидејќи има повеќе искуство и искрено научив многу за возењето возејќи позади него. Се трудев да ги штедам гумите, не бев сигурен дали ќе останам позади него до крајот. Марк возеше агресивно и беше тешко да го престигнам. Во 2 наврати можев да излетам од стазата и тогаш си реков дека морам да се смирам, пробав се што можам, најдобро е сега да останам втор и тој да освои прво место“ – Изјави Фолгер откако заврши трката.