Фотографија вредна 1.000 зборови: Роналдо на „Олд Трафорд“ (ФОТО)

Фудбалерите на Манчестер јунајтед ќе играаат против Јувентус вечерва на „Олд Трафорд“ во рамки на третото коло од групната фаза во Лигата на шампиони.

Натпреварот помеѓу „црвените ѓаволи“ и „старата дама“ ќе биде во центар на внимание, но најмногу поради Кристијано Роналдо, кој се враќа таму каде што почна.

Навивачите на Јунајтед го пречекаа на аеродром и сигурно и на „Театарот на соништата“ ќе му подготват спектакуларен пречек.

Играчот на Јувентус синоќа имаше тренинг пред вечерашниот дуел, а на неговото лице можеше да се забележи дека ова е посебен момент за него, а еден од фотограферите направи одлична слика.

Роналдо стоеше пред тунелот и гледаше кон стадионот на кој се прослави, а зад неговиот грб се гледа грбот на Јунајтед.