Французин ќе биде новиот тренер на Челси


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Рускиот милијардер Роман Абрамович одлучил летово да го смени тренерот во Челси.

Абрамович не е задоволен со претходната сезона и сака да најде замена за Антонио Конте, а како негова замена се споменува Лорен Блан.

Се споменуваа имињата на Зинедин Зидан, Маурицио Сари, но очигледно Блан е најсериозниот кандидат за клупата на „сините“.

Инаку, тој ќе има задача најпрво да го врати тимот во Лигата на шампиони наредната сезона, а потоа ќе треба да ја освои титулата во Премиерлигата.