Фудбалерите на Лестер ќе решат дали ќе го играат дуелот против Кардиф

Овие денови владее голема тага во Лестер, откако во падот на хеликоптерот на клубот загина претседателот на екипата, Вичај Шриваданапраба, а вчера фудбалерите му дадоа чест пред стадионот.

По дуелот помеѓу Лестер и Вест хем, кој се играше во саботата се урна хеликоптерот на газдата по што загинаа тој и уште четири лица кои биле на леталото.

Ова ептен ги погоди фудбалери и навивачите, зашто Вичај беше најзаслужен за трофејот во Премиерлигата на Лестер.

Фудбалерите и семејството вчера беа пред стадионот и се забележуваше дека сите се вознемирени, а оваа смрт најмногу ги погоди Џејми Варди и Каспер Шмајхел.

Дуелот против Саутемптон во Карабао Купот нема да се игра, а можеби ќе се одложи и натпреварот против Кардиф во Премиерлигата.

Управата на Премиерлигата соопшти дека ќе ја почитува одлуката на фудбалерите на Лестер за тоа дали ќе го играат мечот.