Фудбалери претепаа судија, па добија казна од 40 години! (ФОТО)

Фудбалскиот судија Даниел Свини пред две недели беше брутално претепан на натпреварот во регионалната лига на Република Ирска, поради што тројца напаѓачи добиле казна од 40 години суспензија.

Тоа е една од најтешките казни во ирскиот фудбал, а целосно е оправдана и заслужена поради нивниот бес, кој го истуриле врз судијата.