Фудбалерките добија тешка група за квалификациите за ЕП 2021

Македонската женска фудбалска репрезентација на денешната ждрепка во Нион ги доби противниците за квалификациите за пласман на Европското првенство во 2021 година.

Македонија беше извлечена од петтиот барабан и таа ќе биде аутсајдер во борбата со Франција, Австрија, Србија и Казахстан, кои се наоѓаа во нашата група.

Квалификациите ќе се одиграат во неколку термини, од август до октомври, па потоа се игра во ноември, март, април, јуни и наредниот септември.

Победниците на квалификациските групи ќе обезбедат пласман понатаму, а таму друштво ќе им прават и трите најдобро второпласирани репрезентации. Додека уште шест второпласирани екипи ќе играат бараж за да ги пополнат останатите три места.