Фудбалерот на Наполи во карантин: Поради опасност од пренесување на свинскиот грип го пропушти и дебито за Шпанија…


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Фудбалерот на Наполи, Фабиан Руиз е заразен од свински грип.

Според наводите на италијанските медиуми, 22-годишниот играч за врска е примен во болница и го пропушти претходниот меч против Удинезе поради проблеми со респираторниот систем.

Иако се сметаше дека има обичен грип, испитувањата покажале дека проблемите со дишењето се предизвикани од вирусот Х1Н1, односно свинскиот грип.

Руиз не е познато колку ќе биде надвор од тимот. Вирусот е преносен и постои ризик болеста да се прошири меѓу останатите фудбалери, што за Наполи би била вистинска катастрофа.

Моментално шпанскиот фудбалер се чувствува добро. Поголемиот дел од симптомите се веќе минато и му претстои само комплетно закрепнување.

Руиз поради оваа болест го пропушти и собирот на репрезентацијата на Шпанија и ќе мора да чека нова шанса за деби настап.

Оваа сезона тој игра одлично во Наполи и во 28 натпревари постигна пет погодоци.