Фудбалерот на Ница преку социјалните мрежи го најави трансферот во Милан?


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Веќе неколку дена се шпекулира дека од Милан се сериозно заинтересирани во летниот преоден рок да го донесат младиот фудбалер на Ница, Алан Сент-Максимин.

21 годишниот крилен фудбалер има договор со Ница до 2020 година, па во летниот преоден рок би можел да направи трансфер по многу помала цена од тоа што вреди.

Миланезите беа заинтересирани за овој играч и во јануари, но тогаш ја чекаа разврската со Фереира Караско, па на крај останаа со празни раце и не успеаја да донесат ниту еден од овие играчи.

Играчот на својот „Инстаграм“ профил објави фотографија под која напиша: „Само прашање на време…“ –со која алудираше на евентуалниот договор со „Росонерите“.

Оваа сезона на 23 натпревари, Сент Максимин постигнал шест погодоци и три пати се запишал во листата на стрелците.