Фудбалер на ПСЖ се сели во Вест хем!?


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Аргентинскиот фудбалер Хавиер Пасторе пред неколку години беше голема надеж и му се предвидуваше добра кариера, но не успеа тоа да го оправда.

Пасторе на фудбалската јавноста се претстави во дресот на Палермо, каде што ги воодушеви сите. Сепак, потоа одлучи да се пресели во ПСЖ во 2011. година.

Аргентинецот имаше понуди од многу европски гиганти, но многумина се изненадија кога го одбра францускиот гигант.

„Скај спортс“ пишува дека Пасторе конечно одлучил дека сака да го напушти ПСЖ, но интерес за него нема премногу. Па, како потенцијален купувач за Аргентинецот се споменува екипата на Вест хем.