До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Екипата на Фулам вечерва запиша важна победа во битката за директен пласман во Премиер Лигата.
Последнопласираниот Сандерленд пружи голем отпор на „Кревин Котиџ“ и за малку ќе приредеше сензација, но Фулам на крајот со пресврт стигна до голема победа.
Асоро во 28. минута погоди за неочекувано водство на „црните мачки“ а во завршницата на првиот дел Пиазон изедначи на 1:1.
Во продолжение Фулам притискаше, а српскиот напаѓач Александар Митровиќ го постави конечниот резултат во 76. минута.
Фулам во последното коло ќе гостува во Бирмингем, додека Кардиф ќе има натпревар со Рединг, а пред тоа ќе гостува и на Хал.















