ФФМ ги објави номинациите за најдобрите во македонскиот фудбал за сезоната 2016/17


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Од Фудбалската федерација на Македонија ги објавија имињата на номинираните кандидати за најдобри во македонскиот фудбал за минатата сезона.

Во конкуренцијата за најдобар играч во Првата македонска фудбалска лига се најдоа фудбалерите на Шкендија, Ферхан Хасани и Бесарт Ибраими како и минатогодишниот член на Вардар, од оваа година фудбалер на Ференцварош, Стефан Спировски.

Елиф Елмас (Работнички), Јани Атанасов (Академија Пандев) и Енес Фазлагиѓ (Шкендија) се номинирани во трката за најдобар младински фудбалер за минатата сезона.

За најдобра фудбалерка во Првата Женска фудбалска лига ќе се борат Илза Максути од АС Јунајтед, Јана Чубриновска од СЦ Истатов и Александра Ристовска од ЖФК Тиверија.

Беким Османи од Шкендија и Горан Станковски од Работнички се во трката за најдобар тренер во младинска категорија, додека Еркан Сефери, Александар Глигоров и Драган Петровиќ се во најтесниот избор за најдобар футсал играч за минатата сезона.

Вашиот глас може да го дадете на следниот ЛИНК.