Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хабиб Нурмагомедов по борбата со Конор МекГрегор во моментов е еден од најпопуларните борци.
По таа борба Дагестанецот ја прескокна оградата и го нападна тимот на МекГрегор поради што ја изгуби наградата од борбата, а му се заканува и голема казна од Спортската комисија на Невада.
„Тие веќе се состанаа и не одлучија ништо. Сакаат да дојдам на следното сослушување, а јас сметам дека не сум виновен. Го завршив само тоа што започна пред борбата, повторно повторувам дека не сум крив, а тие нека му судат на тој кој што е. Ја бранев својата чест, своето семејство и мојата религија“- истакна Нурмагомедов,а потоа истакна дека никогаш повеќе нема да оди во Лас Вегас.
„Нема да одам на сослушувањето во Лас Вегас, нека ми ги земат сите пари кои ги заработив и нека ме исфрлат на десет години. Мечот го завршив според правилата и тука е мојата работа завршена. Никогаш нема да одам таму, нека прават што сакаат“- категоричен беше Нурмагомедов.