Харт се враќа во Англија, но не во Сити?


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Англискиот голман, Џо Харт оваа сезона брани за Торино, каде што престојува на позајмица од Манчестер Сити.

Се очекува одличниот голман да остане во Италија до крајот на сезоната, кога и му истекува позајмицата, по што треба да се врати во Англија.

Меѓутоа, постојат шпекулации дека Харт нема да се врати во Манчестер Сити, туку својата кариера ќе ја продолжи на „Енфилд“.

Најновите информации укажуваат дека Ливерпул е заинтересиран за 29-годишниот голман, но колку во овие зборови има вистина ќе покаже времето.

Џо Харт оваа сезона настапи во 13 настапи за Торино, а прими исто толку голови.