Хендикеп за Атлетико: Ќе играат против Реал без ѕвездата?!


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Францускиот напаѓач Гризман се повреди на натпреварот на неговата репрезентација против Шведска. Тој во победата на својот тим го напушти натпреварот во 88 минута поради повреда на стапалото.

    Сепак, се смета дека повредата не е сериозна туку дека наскоро би можел да се врати на теренот. Франција ќе игра пријателски натпревар против Брегот на слоновата коска, а на тој натпревар тој најверојатно нема да настапи.

    Атлетико Мадрид го игра големото дерби против Реал на 19-ти ноември, а сите во Атлетико се надеваат дека Гризман ќе биде подготвен до тогаш.