Хигинс го освои Кина Чампионшип


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Во Гвангжу е завршен професионалниот снукер турнир кој се играше за 650.000 фунти.

    На овој турнир се собраа скоро сите најдобри снукер играчи на светот, а во финалето се пласираа Хигинс и Бингхам. Во дуелот на овие 2 светски шампиони подобро се снајде Хигинс кој победи со 10:7.

    По 14 одиграни делови, резултатот беше 7:7, но во наредните 3 во голем стил Хигинс успеа да победи и да стигне до титулата.

    До финалето Хигинс ги победи Марк Ален, Алистер Картер, Марк Вилијамс додека Бингхам беше подобар од Венбоа, Холет и Марфи.