Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Само чудо може да ја спречи репрезентацијата на Хрватска да учествува на Светското првенство кое во 2018 година ќе се одигра во Русија.
Избраниците на Златко Далиќ неочекувано лесно со 4:1 славеа против репрезентацијата на Грција и ширум си ги отворија портите за пласман во Русија.
Лука Модриќ го отвори резултатот во 13. минута со гол од пенал. На два нула зголеми фудбалерот на Милан, Калиниќ само шест минути подоцна. На 2:1 намали Сократис, но Хрватска многу брзо преку Перишиќ ја врати предноста од два гола.
Конечниот резултат го постави Андреј Крамариќ во 49. минута на додавање на Симе Вршаљко.