Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓
По првиот ден од финалето во Дејвис купот, резултатот е 1:1. По победата на Чилиќ во првиот натпревар против Делбонис, најдобриот аргентински тенисер Дел Потро го израмни резултатот со победата против Карловиќ.
Карловиќ на теренот испиша историја во Дејвис купот, бидејќи е најстар играч во финалето на ова натпреварување во последните 96 години.
Меѓутоа, тој лошо го отвори натпреварот, дозволи противникот да направи брејк уште во првиот гејм и првиот сет го освои Дел Потро со 6:4.
Потоа Карловиќ заигра малку подобро и израмни на 1:1 во тај-брејк.
Сепак Дел Потро покажа зошто беше порано во самиот врв на светскиот тенис.
Прво победи во 3-от сет со 6:3, а потоа и 4-от сет и со 3:1 во сетови успеа да го израмни натпреварот против Хрватска.
Во сабота се игра натпреварот од двојки во 15 часот.