ЦАС ја намали казната на Реал Мадрид, но не и на Атлетико


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Спортскиот суд за арбитража (CAS) во Лозана одлучи да ја намали казната на Реал Мадрид која се однесува за забрана за доведување на играчи.

Иако првично беше одлучено дека Реал нема да може да купува фудбалери во следните два трансфер периоди, казната е преполовена, па Кралскиот клуб во текот на следното лето веќе ќе може да донесе нови играчи.

Тоа беше објавено и на официјалната страница на Реал Мадрид, каде што се среќни што немора да чекаат до јануари 2018. година за купување на играчи, како што требаше да биде.

Потсетуваме, ФИФА ги казни Реал и Атлетико поради прекршување на правилата за донесување на странски играчи помлади од 18 години и двата клуба поднесоја жалба за таа одлука, но усвоена беше само жалбата на Реал.