Минатата година го посрамоти Меси, синоќа му пристапи и му подаде рака, а потоа следеше тотален хаос (Видео)

Интер Мајами синоќа ја освои Campeones Cup потпирајќи се на неверојатниот Лионел Меси, а токму Аргентинецот беше во центарот на вниманието по средбата со првиот човек на МЛС, Дон Гарбер, кому му се одмазди за понижението кое му го направи лани.

Интер Мајами освои нов трофеј откако синоќа во финалето на Campeones Cup со 2:0 го победи мексиканскиот Круз Азул.

Херој на американскиот тим беше Лионел Меси кој одигра неверојатен натпревар. Меси во 24. минута донесе водство на Интер, а во самиот крај на натпреварот му асистираше на Каземиро кој ги постави конечните 2:0.

Токму Меси беше во центарот на вниманието и по завршувањето на натпреварот бидејќи имаше “жестока средба” со првиот човек на МЛС, Дон Гарбер.

Познато е дека Меси и Гарбер не се во најдобар однос, а сето тоа започна лани кога првиот човек на МЛС го суспендираше Аргентинецот за еден натпревар бидејќи го пропушти All Star натпреварот во најсилната ранг-лига на американскиот фудбал.

Што му направи Дон Гарбер на Меси хахахаха pic.twitter.com/uykayLQZc3— James (@atlutdjames) 17 септември 2026

Меси видно вознемирен со комесарот на МЛС, Дон Гарбер. Го соочи не еднаш туку двапати по прославата на трофејот во Campeones Cup.

🎥 @FrancoPanizo pic.twitter.com/v8dBBlmG5u— herculez gomez (@herculezg) 17 септември 2026