Челси веќе работи на случајот: Одлучено кога Сари ќе биде сменет од тренерската позиција…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Дури и да го освои трофејот за време на викендот, тоа не значи ништо. Бидејќи, клубот има само една цел.

Изгледа дека работите во Челси се јасни, не е само во прашање мечот со Малме вечерва.

Брус Бак, клучната фигура во клубот наговести дека трофејот во Лига купот нема да го спаси Сари. Иако Италијанецот би можел да донесе трофеј веќе викендот против Сити кој го понижи изминатиот викенд, тоа нема да биде доволно.

Бидејќи, апсолутно целта е клубот да се врати во Лигата на шампионите.

Тоа го можат на два начина, што секако е тешко и неизвесно, со оглед на тоа дека се наоѓаат во домашното првенство на шестата позиција и имаат исто бодоби како и Арсенал, а доцнат и бод зад Јунајтед.

Ништо не е загубено, но англиските медиуми тврдат дека Абрамович дал налог да се бара замена и дека ако Челси почне да заостанува во првенството, без оглед на резултатите во куповите, Сари веднаш ќе биде сменет.

Во тој случај, Зола веројатно ќе презеде, со можно туторство на Хидник до крајот на сезоната, кога Лампард или евентуално Диего Симеоне би можеле да бидат именувани за нови менаџери.