Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Медиумите шпекулираат дека Еден Азар наредното лето ќе го напушти Челси и ќе потпише за Реал Мадрид, а од Лондон би можел да замине и Вилијан.
Вилијан не сакаше да го продолжи договорот со Челси, па бараше посебни услови, но најверојатно нема да му бидат исполнети желбите.
ПСЖ го сакаше и во јануари, но не испратија официјална понуда до Челси, па поради тоа ќе се обидат наредното лето да го ангажираат.
Тренерот Маурицио Сари не сака да го изгуби 30-годишниот фудбалер, кој одигра 23 од 24 натпревари во Премиерлигата.
Многумина веруваат дека проблем е тоа што Вилијан сака тригодишен договор, а политиката на Челси е на играчите кои имаат повеќе од 30 години да добијат нова соработка на една година.