Челси заинтересиран за соиграч на Стефан Ристовски


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Португалскиот медиум „О Јого“ пренесува дека од таборот на Челси се заинтересирани во своите редови да го донесат фудбалерот на Спортинг Лисабон, Бруно Фернандеш.

24 годишниот фудбалер со своите игри привлекува огромно внимание од топ тимовите ширум Европа и веќе е предмет на интерес на Ливерпул и Атлетико Мадрид.

Португалскиот репрезентативец игра одлично оваа сезона во таборот на „Лавовите“ од Лисабон каде на вкупно 38 натпревари во сите конкуренции постигнал 21 погодок а бил асистент на 11.