Челси им ја затвори „вратата пред нос“ на Каталонците, но Островските екипи можат да навалат, исто како и Монако?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Плавите“ немаат намера да соработуваат со шпанскиот шампион, но се подготвени да влезат во преговори со екипите од Премиер лигата, како и „Кнезовите“.

Се доведуваа во врска Челси и Барселона повеќепати во текот на летниот преоден рок, имаше гласини дека и Барселона дури може да го откупи Вилијан од „Плавите“.

Сепак, до трансфер не дојде, а сега во Барселона се надеваат дека би можеле да направат нова соработка со лондонскиот клуб.

Имено, по повредата на Томас Вермален, се запали алармот на „Камп Ноу“, ротацијата на стоперските позиции е сведена на Пике и Ленгле, бидејќи и Умтити е надвор од ростерот поради нови проблеми со повредата.

Така Барселона покажа интерес за стоперот на Челси, Андреас Кристенсен, кој е во втор план кај Маурисио Сари оваа сезона.

Младиот Данец сака да игра, засега во Челси повремено добива шанса, но „Плавите“ не сакаат да се откажат од него.

Сари сака да го задржи и да го натера уште посилно да се бори за своето место во тимот, за евентуално да го убеди да го промени мислењето и да му укаже шанса пред стандардните Луиз и Ридигер.

И додека „Плавите“ не сакаат да се откажат од Кристенсен, Гери Кејхил доби одрешени раце.

Нему ќе му биде дозволено во јануари да ја промени средината,а интерес за неговите услуги покажаа Вест Хем, Фулам и француски Монако.

Кејхил дури и не добива шанса оваа сезона, па 32-годишниот стопер извесно ќе ја промени средината со почетокот на следната година.