Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Италијанските медиуми пишуваат дека Челси испратил понуда до Јувентус, која во моментов се разгледува.
„Сините“ сакаат двајца фудбалери, Даниеле Ругани и Гонзало Игуаин, а за неговите услуги испратиле понуда од 100 милиони евра.
Поточно, Челси понудил 60 милиони евра за Игуаин, а останатите 40 милиони евра се наменети за Ругани.
Наскоро во Лондон пристигнува и новиот тренер, Маурицио Сари, кој нема сомнеж дека ги поддржува овие два трансфери.
Ќе видиме во наредниот период дали Јувентус е подготвен да ја прифати оваа примамлива понуда.