До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Како што дознава „Скај Спортс“ Челси ја разгледува можноста да потпише со напаѓачот на Арсенал, Оливие Жиру.
Челси е во потрага по напаѓач за овој зимски преоден рок и во последно се шпекулираше дека Един Џеко ќе се пресели на „Стемфорд Бриџ“. Сепак, денес има нов момент и од Челси вниманието го насочиле кон Жиру кој нема стандардно место во првиот тим на Арсенал.
Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер вчера изјави дека сака Жиру да остане и дека тој може да замине само ако пристигне негова замена.
Челси во овој период се поврзуваше со „мал милион“ број напаѓачи. Од Енди Керол до Ешли Барнс, но засега се уште нема нов напаѓач меѓу „сините“.















