Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првиот човек на УЕФА, Александер Чеферин, откри дека обвинувањата на „Фудбал Ликс“ кон капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, не се вистина.
Германски „Шпигел“ објави документи од „Фудбал Ликс“ по што се крена многу „прашина“, но сега Чеферин ја објасни целата ситуација.
„Ние имаме допис од американската анти-допинг агенција дека нема никакво прекршување на правилата, а тоа значи дека Рамос е чист“, објасни Чеферин.