До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Иако многумина очекуваа Хавиер Ернандез Чичарито да блесне во дресот на Вест Хем тоа не се случи а мексиканскиот напаѓач се мачи да го најде патот до мрежата на противничките голмани.
Очигледно е дека враќањето во Англија не беше баш најдобар потег за Мексиканецот кој сега се бори за првотимски статус со кој треба да обезбеди место во репрезентацијата на Мексико за претстојниот Мундијал во Русија.
„Да, јас сакав да си заминам. Не затоа што не го сакам Вест Хем туку затоа што ми требаат минути на теренот. Светското првенство е пред нас, а јас сакам и мора да играм. Иако сакав да заминам, ќе сторам се за да му помогнам на Вест Хем во преостанатите шест месеци“ –коментираше Чичарито за „Мирор“.















