Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Реал Мадрид има убава шанса да ги реши сите дилеми во февруари.
Распоредот е таков што Реал Мадрид со три победи во февруари и евентуален кикс на Барселона на „Висенте Калдерон“ би им ја обезбедил титулата.
Реал ќе игра заостанат натпревар со Валенсија и ќе го надокнади тоа што има 2 натпревари помалку од Барселона и Севиља, кои имаат дерби во февруари.
Реал нема лесен распоред, играат против Виљареал и Валенсија, но секако се фаворити во тие натпревари и доколку ги освојат тие бодови, а Барселона не победи на крајот на месецот против Атлетико Мадрид, тогаш титулата ќе биде решена.
Реал во овој момент има бод повеќе и 2 натпревари помалку од Барселона, па така има потенцијални 7 бодови предност, а ако Барселона изгуби или ремизира, тие ќе имаат 9 или 10 бодови предност.
Ако февруари помине како што се очекува, титулата би можела да биде решена за неколку недели.