Шарапова ја заврши сезоната и најави враќање во јануари!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Руската тенисерка Марија Шарапова ја заврши сезоната порано за да биде подготвена при почетокот на наредната.

Поранешната најдобра тенисерка во светот, соопшти дека нема да се натпреварува на турнирите во Пекинг и Москва. Таа е 24. на ВТА-листата, но јасно е дека ќе падне неколку места.

„Морам да одморам и да се рехабилитирам“, кажа Шарапова.

Од нејзиниот тим потврдија дека на натпреварувањата ќе се врати во Шенжен, во првата недела од јануари.

Русинката сезонава имаше добри резултати на земја, бидејќи играше полуфинале во Рим, а стигна и до четвртфинале на Ролан Гарос и Мадрид.