До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Некогашниот германски репрезентативец Лукас Подолски застана во одбрана на својот сонародник Бастијан Швајнштајгер, кој се наоѓа во немилост кај Жозе Мурињо во Манчестер Јунајтед.
Швајнштајгер, кој во минатата година стигна како голема ѕвезда на Олд Трафорд, е префрлен во резервниот тим.
„Тоа што се случува со Швајнштајгер е неправедно, посебно за играч со таков углед.
Не знам за што Мурињо разговарал со Бастијан. Но, јасно е дека не можете еден таков играч да префрлите во резерва.
Тренерот мора да ја држи вратата отворена за сите играчи“, истакна фудбалерот на Галатасарај.
Швајнштајгер има договор со Манчестер Јунајтед до 2018 година.















