Шокантен пресврт – Легендата се враќа во Барселона, како тренер?!

Барселона нема да именува тренер до јуни, но решение наводно се наѕира.

Не се убедени во кандидатите кои се појавуваат во медиумите. Новиот тренер играше и со Луис Енрике, а Астуриецот му беше и тренер!

Тоа што е сигурно е дека до јуни нема да биде потврдно името на тренерот.

Се лицитира со имиња, двајца главни се Сампаоли и Валверде, но се споменува и Алегри, како и Покетино и Куман.

Меѓутоа, како што тврдат каталонските медиуми играчите сакаат некого кој  ја познава ситуацијата, покрај тоа, не е управата убедена дека споменатите имиња се вистински решенија.

Еден од кандидатите останува Унзуе кој беше помошник на Луис Енрике, а сега во прв план излезе Чави.

Имено, легендарниот плејмејкер кој одигра најмногу натпревари за Барса замина на истокот, сега е помошник на младата репрезентација на Катар и сигурно е дека играчите ќе го поддржат.

Сепак, се поставува прашањето колку искуство има, никогаш не работеше самостојно, многумина веруваат дека тој план нема да успее.

Но, од друга страна шанса таква е пружена на Гвардиола,  но тој го водеше младиот тим и тоа е најуспешниот период на историјата на Барселона.

Покрај тоа, заговорниците за враќање на Чави тврдат дека на тимот недостасува неговиот авторитет, дека тој беше душата на Барса и дека и како тренер може да ги спроведе своите идеи од кои Луис Енрике се откажа, но барем го обвинуваат дека Барса игра подруго откако Чави замина.