Шокантна вистина или не: Авионот кој ги возел фудбалерите на Чапекоенсе воопшто не требало да лета!


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Шокантни вести стигнаа од местото на големата трагедија која се случи во вторникот. Авионот кој превезуваше 77 патници, помеѓу останатите и бразлискиот тим Чапекоенсе, не требало да биде воопшто нивни превозник.

    Освен тоа се случиле и низа неправилности, а тоа значи дека трагедијата морало и требало да биде спречена!

    Тимот на Чапекоенсе, кој патуваше на првиот натпревар во финалето од Копа Судамерика, требаше да лета со директна линија од Сао Паоло до Меделин. Меѓутоа, Бразилската цивилна авиатична агенција одлучија да ја сопре директната линија, па тие требало да летаат преку „план Б“.

    Играчите го започнаа своето патување со Аирбус 320, но тој нивни авион ги однесе само до Санта Круз во Боливија. Таму се преместија во Ламрија РЈ 100, инаку во сопствеништво на венецуелска компанија. Станува збор за авион кој Англичаните во 90-те години од минатиот век го користеа за кратки патувања.

    Патот кој авионот требало да го премине изнесувал 2265 км. Тоа е скоро 600 помалку од одалеченоста која ја премина тимот на Аргентина од Бело Хоризонте до Буенос Аирес.

    Меѓутоа, по се изгледа дека авионот во кој биле играчи снемал гориво.

    Кога се приближиле до Меделин, нивниот авион добил забрана за слетување, бидејќи друг авион во тој момент добил предност да слета бидејќи снемувал гориво. Авионот Ламија морал да кружи во воздухот и тука дошло до грешката.

    Пилотот Мигуел Куирога не ја известил контролната кула дека е при крај со горивото, бидејќи ако го сторел тоа, ќе добиел дозвола за слетување. Поради малата количина на гориво дошло до проблеми со електрониката, која го предизвикала падот.

    Дополнителна причина поради која се верува дека авионот останал без гориво е фактот дека тој не експлодирал, ниту се запалил кога удрил во земја.

    Се чека официјална потврда на оваа приказна, но по се изгледа дека трагедијата можела да биде спречена!

    Алан Рушел, Џексон Фолман и Хелио Нето се 3-та преживеани фудбалери на бразилскиот клуб, а освен нив се борат уште 2 патници за живот и 1 новинар.