Шок за Металург, Обрадовиќ како слободен играч во Висла


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шокантни вести за Металург доаѓаат од Европската ракометна федерација откако Арбитражната комисија одлучи дека српскиот репрезентативец, Немања Обрадовиќ може да биде регистриран како играч на Висла Плок.

За Обрадовиќ се водеше спор помеѓу двата клуба со оглед на тоа што Металург тврдеше дека играчот има валиден договор со нив до 2018 година. Згора на тоа од тимот од Автокоманда за Обрадовиќ бараа обесштетување од 50.000 евра кое полскиот клуб не сакаше да го плати и нудеше само 10.000 евра.

На крајот ЕХФ пресуди во корист на Висла Плок, Обрадовиќ како слободен играч е регистриран и има право за настап за клубот од Полска.