Шок за светската јавност: Легендата на Барселона може да заврши 10 години во затвор


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Самуел Ето е обвинет за неплаќање на данок во период на своето играње за Барселона од 2006 до 2009. Во таа тужба стои дека тој не платил 3.5 милиони евра, па му се заканува затворска казна од 10 и пол години, но и парична од 14 милиони евра.

    Ето уште од 2002 година создаде 2 компании кои беа задолжени за приходите од користењето на неговото име. Тој тогаш тие права ги префрлаше од една во друга компанија и избегнуваше плаќање на данок. Под обвинение се наоѓа и поранешниот менаџер на Ето, Месаљес Мата.

    Првата ѕвезда на Барселона, Лионел Меси е осуден на 21 месец затворска казна поради даночна измама, но не заврши зад решетки бидејќи тоа му беше прва казна, а пократка е од две години, што во Шпанија може да помине без заминување во затвор. Меси е казнет и парично, во износ од 1.7 милиони евра.