До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Играчот на Манчестер Јунајтед, Андер Ерера никако да заврши со агонијата која го снајде откако беше обвинет поради местење на натпревари.
Обвинителите на Ла Лига бараат затворска казна од дури четири години за шпанскиот интернационалец поради местење на натпревари.
Шпанските обвинители пак бараат двегодишна казна и забрана од играње фудбал во следните шест години за 35 фудбалери обвинети за местење натпревари.
Двегодишните казни за играчи кои прв пат го сториле делото се даваат само како условна казна, што значи дека доколку се одлучи така Ерера нема да заврши зад решетки.
Сепак, сите опции остануваат отворени па останува да видиме како ќе заврши ситуацијата околу фудбалерот на Манчестер Јунајтед.















