Шпанската полиција му прави проблем на Ривер: Капитенот не смее да дојде во Мадрид!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Реваншот од финалето во Копа Либертадорес помеѓу Ривер плејт и Бока јуниорс ќе се одигра на деветти декември во Мадрид на „Сантијаго бернабеу“, а екипата на Ривер се соочува со нови проблеми пред дуелот.

Нивниот капитен Леонардо Понзио не смее да дојде во Шпанија бидејќи е обвинет за местење натпревари додека играл за Сарагоса и доколку стапне на шпанско тло, тогаш веднаш би можел да биде уапсен.

Многу фудбалери од дуелот помеѓу Сарагоса и Леванте во 2011 година се уапсени и осудени на двегодишна затворска казна, па и Понзио би можело да го снајде истата судбина.

Наводно, Аргентинецот е обвинет дека земал голема сума на пари за да го намести резултатот на тој натпревар, па ова ќе биде дополнителен проблем за Ривер во дуелот против Бока.