Шпанците открија: Еден од најдобрите европски фудбалери се сели во Манчестер!?

    Угледниот шпански весник, „Mundo Deportivo“ тврди дека Манчестерските ривали се во борба за потписот на ѕвездата од Реал Мадрид, Тони Крос.

    Жозе Мурињо и Пеп Гвардиола го сметаат Германецот како идеално засилување во средниот ред за двете екипи.

    Интересно е тоа што германскиот репрезентативец веќе има соработувано со Шпанецот, додека Пеп го водеше Баерн, а потоа се пресели во Мадрид во 2014.

    Споменатиот весник тврди дека Јунајтед и Сити ќе водат голема битка во доведувањето на еден од најдобрите играчи од средниот ред во Европа, но главното прашање е дали „Кралевите“ ќе сакаат да го пуштат.

    Крос заедно во комбинација со Модриќ игра одлично, а има и договор кој му истекува во 2020. година.

    Во Реал се надеваат дека наскоро ќе го продолжат договорот со споменатиот играч, но ситуацијата многу внимателно ја следат двата гиганти од Манчестер.